Дома Фудбал Откриени нови детали: Реал воопшто не испратил понуда до Рамос

Откриени нови детали: Реал воопшто не испратил понуда до Рамос

Денешното издание на весникот „АС“ даде сосема поинаков поглед на ситуацијата помеѓу Серхио Рамос и Реал Мадрид.

Веќе неколку месеци главна тема во шпанските медиуми е иднината на Серхио Рамос, на кого му истекува договорот со Реал на крајот на сезоната.

Медиумите тврдеа дека Рамос ги одбил сите понуди на Реал за нов договор и дека ќе си замина на крајот на сезоната како слободен агент.

Меѓутоа, денешното издание на „АС“ тврди дека Рамос има голема желба да остане во клубот, но до денес „кралевите“ не испратиле никаква понуда до него.

Рамос се уште чека понуда од Реал бидејќи тоа е негов приоритет, а весникот тврди дека претседателот Перез во наредните недели конечно ќе седне на преговарачка маса до капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…