Дома Фудбал Се огласи Рамос: Операцијата беше единствена опција🎥

Се огласи Рамос: Операцијата беше единствена опција🎥

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос направи видео обраќање до фановите преку социјалните мрежи.

34-годишниот дефанзивец пред два дена беше успешно опериран, а сега објасни дека операцијата била единствено решение за да ги реши проблемите со менискусот на коленото.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Рамос ќе биде надвор од терените 6 до 7 недели и ќе пропушти многу важни дуели, меѓу кои и двомечот со Аталанта во Лигата на шампиони.

„Здраво на сите! Се се одвива според планот, работам за да се вратам на терените што е можно поскоро. Ви благодарам на сите за пораките и поддршката. Ги послушав советите на лекарите и операцијата беше единствено решение“, истакна Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер сити пронајде замена за Де Брујн: Ќе плати над 100 милиони евра!

Манчестер Сити влегува во период на значителни кадровски промени. Клубот од Етихад активно…