Дома Трансфер зона Пато прави трансфер во првенство каде што би бил најголема ѕвезда?

Пато прави трансфер во првенство каде што би бил најголема ѕвезда?

Некогаш големата надеж на бразилскиот фудбал Алесандре Пато (31) кариерата би можел да ја продолжи во Ирак.

Екипата на Ал-Дивани започнала преговори со поранешниот напаѓач на Челзи и Милан и наводно му спремиле примамлива понуда и услови кои нема да ги одбие.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според информациите Пато побарал голема плата, а износот засега не е познат. Покрај платата негови желби биле куќа со голем базен и гарантирана сигурност за него и неговата сопруга Ребека.

Претседателот на клубот Хусеин Ал-Анкошеи ги потврди преговорите.

„Преговорите се во тек. Условите кои ги постави се големи, се уште нема договор ќе видиме како се ќе заврши“, изјави Ал-Анкошеи.

Би било секако интересно да се види како Пато би се снашол во ирачкото првенство каде што без дилеми би бил најголема ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…