Дома Фудбал Помошникот на Куман вчера против Гранада поради глупост доби црвен картон

Помошникот на Куман вчера против Гранада поради глупост доби црвен картон

Фудбалерите на Барселона вчера во еден супер интересен натпревар ја совладаа Гранада со 5:3 после продолженија и се пласираа во полуфиналето од Кралскиот куп.

Гранада имала предност од 2:0 до 89. минута, но тогаш Барселона успеа да изедначи на 2:2 и да го однесе натпреварот во продолженија.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


На крајот во продолженијата Каталонците стигнаа до победа од 5:3. Додека играчите беа на теренот имаше и тензии на клупите.

После четвртиот гол на Барселона директен црвен картон доби помошникот на Куман Алфред Шрудер кој ја провоцираше клупата на Гранада.

Шпанските медиуми пишуваат дека Шрудер при прославата на голот ја провоцирал клупата на Гранада и стручниот штаб на овој тим. Поради директниот црвен картон веројатно и ќе добие дополнителна суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од Бенфика – Жоао Феликс најде нов клуб и ги изненади сите

Жоао Феликс беше едно време еден од најголемите потенцијали во европскиот фудбал, но негов…