Холандскиот гигант Ајакс прилично се избламира откако по грешка не го пријавил своето најскапо засилување за натпреварите од вториот дел од Лигата на Европа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ајакс на Вест Хем плати 22.5 милиони евра за Себастијан Але и тој е еден до најзвучните оваа зима. Иако станува збор за големо засилување за клубот Ајакс не го лиценцирал за европските натпревари.
Клубот потврди дека Але не е пријавен, а сега ќе се гледа каде е направена грешката, дали во кај Ајакс или кај УЕФА.
„Але не е на списокот и се обидуваме да пронајдеме за што се работи. Во контакт сме со УЕФА, но немаме прецизен одговор зошто Але не е на списокот на лиценцирани фудбалери“, изјави за медиумите портпаролот на Ајакс, Миел Бригајс.
Во Лигата на Европа Ајакс ќе игра против Лил и првиот натпревар е закажан за на 18. овој месец во Франција. Една недела подоцна се игра реваншот.