Пари Сент Жермен сака што побрзо да потпише нов договор со Килијан Мбапе, бидејќи напаѓачот на лето влегува во последната година од договорот.
Францускиот шампион е блиску до продолжување на соработката со Нејмар, но со Мбапе преговорите не течат така лесно. Ако потишат двајцата нови договори тоа ќе потроши поголем дел од буџетот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Парижаните сакаат да ги донесат Лионел Меси и Серхио Рамос на лето, па ќе мора да бираат, а тоа може да доведе до продажба на Килијан Мбапе.
Пред неколку дена Мбапе изјави дека се уште нема донесено конечна одлука, но потврди дека преговара со клубот за нов договор.
Pochettino is confident that Neymar and Mbappe will be at PSG for a long time.#beINLigue1 #PSG https://t.co/ePM870Plqc pic.twitter.com/SrqUEcIbfC
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) February 2, 2021