Дома Фудбал Револуција на Островот: Жена може да стане тренер на машки тим!

Револуција на Островот: Жена може да стане тренер на машки тим!

По малку изненадувачки вести ни пристигнуваат од Островот. Наводно, Ема Хајес може да стане првата жена тренер на некој машки тим.

„Ако добијам прилика во машкиот фудбал ќе ја прифатам. Исто така мислам дека треба да има повеќе женски тренери во фудбалот“, неодамна изјава Ема, која е сериозен кандидат за клупата на Вимблдон.

Оваа 44 годишна Британка во овој момент ја води женската екипа на Челзи, но наскоро би можела да командува со тим од посилниот пол. Со тоа би станала првата жена тренер на еден машки тим што би било навистина револуција во овој спорт.

Веста ја пренесе британските „Експрес“, а истиот извор наведува дека освен неа, во потесен избор се јан Холвеј, Сол Кемпбел и Џои Бартон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…