Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Римениге потврди дека клубиот го сака Дајот Упламекано од Лајпциг.
Баварците на лето ќе останат без Алаба, а клубот не крие дека како идеална замена за Австриецот гледа токму во Упамекано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе се разделиме со Алаба и затоа го сакаме Упамекано. Со Давид ќе се разделиме на пријателски начин и се надевам со што повеќе трофеи. Кога станува збор за Упамекано има уште два клуба што силно го посалкуваат“, изјави Румениге.
Упамекано неодамна го продолжи договорот со Лајпциг, но во него има откупна клаузула која е релативно ниска, и изнесува 42 милиони евра.
Според „Билд“ Баерн започнал преговори со фудбалерот и на крајот на сезоната сака да ја активира откупната клаузула.