Светскиот шампион со Германија, Матиас Гинтер денес и официјално стана член на Борусија Мехенгладбах, откако успешно ги помина медицинските прегледи и стави потпис на 4-годишен договор.
Гинтер во Мехенгладбах доаѓа од Бирусија Дортмунд, па иако двата клуба не ги открија финансиските детали, медиумите тврдат дека трансферот „тежи“ 15 милиони евра.
Од „Сингл Идуна Парк“ признаа дека не сакале да се разделат од играчот, но Гинтер инсистирал да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Гинтер во Мехенгладбах ќе го заземе местото на Андреас Кристенсен кој се враќа во Челзи после истекот на позајмицата.