Дома Трансфер зона Венгер купува тандем од Спортин Лисабон за 70 милиони!

Венгер купува тандем од Спортин Лисабон за 70 милиони!

Како што пренесува португалскиот весник „А Бола“, двајца играчи на Спортинг Лисабон се пред трансфер во лондонски Арсенал.

Станува збор за Желсон Мартинс и Вилијам Карваљо, чии настапи подолго време ги следи менаџерот на „топџиите“, Арсен Венгер.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


За овие двајца фудбалери Спортинг бара 70 милиони евра, сума која Арсенал е подготвен да ја плати.

Желсон Мартинс игра на позцијата крилен напаѓач, но може да одигра и како десен бек. Тој има 22 години, а минатата сезона одигра 43 натпревари за Спортинг.

Вилијам Карваљо е дефанзивен играч за врска, стандарден португалски репрезентативец и веќе подолго време трансфер цел на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …