Дома Топ вести Барса и Реал се „тепаат“ за него, а Себаљос веќе донесе одлука!

Барса и Реал се „тепаат“ за него, а Себаљос веќе донесе одлука!

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се „тепаат“ за потписот на Дани Себаљос, кој на Европското првенство за млади покажа дека ќе биде идната шпанска и европска ѕвезда.

„Кралевите“ со подготвени да му понудат на Бетис 20 милиони евра, 5 повеќе од откупната клаузула, а на Себаљос му нудат 6-годишен договор и можност уште една година да остане во Бетис.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Барселона пак во него гледа идеален наследник на Андрес Иниеста и го сака веднаш на „Камп Ноу“, па прави се за да ја добие битката за неговиот потпис.

Најновите информации кои пристигнуваат од Шпанија, велат дека Себалос нема никакви дилеми во однос на тоа кој клуб да го избере, кога се работи за Барселона и Реал Мадрид. Наводно Себалос преферира да го облече дресот на тимот од „Камп Ноу“.

Ова го тврди каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, додека мадридска „Марка“ пренесува дека играчот сеуште не донел конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…