Дома Останати Прв ден и прва сензација на Вимблдон: Елиминиран Стен Вавринка

Прв ден и прва сензација на Вимблдон: Елиминиран Стен Вавринка

Рускиот тенисер Данил Медведев приреди вистинска сензација на стартот на 131-то издание на Вимблдон. Тој во четири сета го елиминира Стен Вавринка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медведев, кој минатата недела стигна до полуфиналето на турнирот во Истборн, каде загуби од Ѓоковиќ, во дуелот со Вавринка доминираше од почетокот до крајот на мечот. Особено доминатан беше во четвртиот сет во кој на Швајцарецот му препушти само еден гем.

Медведев на крајот победи со 6:4, 3:6, 6:4 и 6:1 и прв пат во кариерата успеа да се пласира во второто коло на некој од грен слем турнирите.

За разлика од Вавринка останатите фаворити нема проблеми во првото коло. Убедливи победи во три сета славеа Цонга, Нишикори, Мареј, Надал. Турнирот заврши за Киријос кој поради повреда му го предаде мечот на Ербер.

Цонга го победи Нори со 6:3, 6:2, 6:2, Нишикори беше подобар од Кечинато со 6:2, 6:2, 6:0, Мареј кој ја брани титулата го победи Булик со 6:1, 6:4, 6:2, а Надал го совлада Милман со 6:1, 6:3, 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

По историскиот настап на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има мо…