Напаѓачот на Лион, Александар Лаказт, е фотографиран на аеродромот во Лондон.
Французинот пристигна во Лондон на медицински прегледи и да потпише договор со „Топџиите“. Сагата помеѓу Арсенал и Лион долго траеше, а на крајот клубовите се договорија за оштета од 46 милиони фунти со што Лаказет стана најплатен фудбалер во историјата на Арсенал.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Соборен беше рекордот на Месут Озил за кого Арсенал издвои рекордни 42.5 млиони фунти.
Арсенал имаше обид и минатата година да го доведе Лаказет, но тогаш Венгер не успеа во својата намера. Ова ќе биде второ засилување за англискиот клуб ова лето претходно во Лондон пристигна Сеад Колашинац од Шалке како слободен фудбалер.