Дома Фудбал Време ли е за промена? Зидан ја изгуби довербата кај навивачите

Време ли е за промена? Зидан ја изгуби довербата кај навивачите

Францускиот стратег веќе некое време не е омилена фигура во Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид не успеа да се пласира во финалето на Суперкупот на Шпанија. Во полуфиналето Реал изгуби од Атлетик Билбао со резултат со 2:1. Баскијците така утре ќе играат во финалето со Барселона која после пенал рулетот го елиминираше Реал Сосиедад.

„Марка“ спроведе истражување по поразот од Баскијците и голем број навивачи го делат мислењето дека на вториот мандат на Зидан во Реал дојде крајот. Дури 72% од навивачите гласале дека Зидан треба да замине.

Навивачите не се задоволни од селекцијата на играчи. 25% од навивачите сметаат дека елиминацијата од Суперкупот дошла како последица од измените на Зидан, 28% сметаат дека играчите биле под просекот.

Исто така дел од навивачите веруваат и дека ситуацијата со договорот на Рамос му штети на тимот, 23% гласале да не му дава шанса повеќе на Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Kejn го сруши „проклетството“ на Англија на Светското Првенство после 60 години

Фудбалската репрезентација на Англија го забележа важен триумф во осминафиналето на Светск…