Севиља во рамките на 18. коло од Ла Лига го победи Реал Сосиедад со 3:2.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Четири од петте гола во овој натпревар беа видени во првите 15 минути. Севиља два пати водеше, гостите два пати се враќаа, но она што го одбележа натпреварот е неверојатниот автогол на домашниот фудбалер Диего Карлос.
Тој во петата минута на неверојатен начин го матира својот голман. Погоди спектакуларно во стил на најдобар напаѓач на светот и ги шокира сите на теренот.
Diego Carlos fez um chapéu perfeito… ao guarda-redes errado 🙈 pic.twitter.com/nhYIhhHzk8
— B24 (@B24PT) January 9, 2021
Неверојатно, но за среќа неговиот тим на крајот освои три бода.