Дома Видео Дани Алвес е комплетен играч: На 37 години почна да игра во средината 🎥

Дани Алвес е комплетен играч: На 37 години почна да игра во средината 🎥

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес игра одлично во дресот на Сао Паоло иако потполно ја промени својата позиција.

Алвес додека беше во Барселона беше еден од најдобрите десни бекови на светот, а по потреба знаеше дека игра и како десно крило. Но, сега играше на нова позиција.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во летото 2019 година Алвес го напушти ПСЖ и потпиша едногодишен договор со Сао Паоло. Ја зема десетката и одлучи да покаже дека е одличен и во офанзивата. Алвес сега игра на позицијата централен играч за врска и прикажува навистина одлични натпревари. Во овој момент во бразилската Серија А е петти најдобар играч со просечна оценка од 7.38 по натпревар.

На интернет се појави и видео компилација од неговите настапи на позицијата централен играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …