„Светците“ ќе мора добро да се „испотат“ за да го доведат Бразилецот на „Паркот на принцовите“.
Бразилецот Фабињо веќе беше виден како ново засилување на францускиот клуб. ПСЖ се договори со фудбалерот за договор на пет години, но проблемот настана при договорот помеѓу клубовите.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
На адреса на Монако веќе стигна првата официјална понуда од 45 милиони евра, но таа беше одбиена, пишува „Л’Eкип“. Видим Васиљев, потпретседателот на клубот од Кнежеството жестоко одбива да го засили главниот конкурент во Лига 1.
Сепак, многу француски медиуми сметааат дека тоа е само обид на Монако да изнуди повеќе пари од „светците“, а неофицијално се споменува сума од 50 милиони евра. Фабињо иначе има договор со Монако до летото 2021 година, а во овој преоден рок се споменуваше и како потенцијално засилување на Манчестер Јунајтед.