Микел Хансен, еден од најдобрите ракометари во светот би можел да не игра на Светското првенство во Египет.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хансен за медиумите во Данска порача дека не може да разбере зошто ракометарите ќе бидат во изолација ако на трибините на натпреварите има по 5.000 гледачи како што се најавува.
„Не смее да има навивачи, која е поентата ние да бидеме изолирани, да патуваме со посебни автобуси и со маски, а потоа да излеземе и да играме пред толку публика!? Сериозно ќе размислам дали воопшто ќе играм на Светското првенстви, јас не сум единствен на кого ова му е глупаво“, изјави Хансен.