Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.
Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Малдини веќе имал средба со агентот на Франк Кеси и му понудил нов четиригодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона плус бонуси.
За 23-годишниот фудбалер има интерес од многу клубови ширум Европа, па поради тоа Милан сака што побрзо да потпише нов договор.