Дома Трансфер зона Рудигер беше само почеток, Конте спрема нови 110 милиони!

Рудигер беше само почеток, Конте спрема нови 110 милиони!

Антонио Рудигер е нов член на Челзи во тоа повеќе нема дилеми, но Челзи има намера текот на наредната недела да потроши околу 110 милиони евра.

Заминувањето на Аке и Тери го услови Конте на доведување нов фудбалер во последната линија од обраната, а изборот падна на Антонио Рудигер од Рома за кого „сините“ платија 38 милиони евра.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Но тоа е само почеток, Конте се надева дека во текот на наредната недела ќе реализира уште две засилувања. Првото е Алек Сандро, понудата од Челзи е најдобрa, Сити се повлече од трката, ПСЖ нуди играч и пари, но Јуве сака пари.

За Бразилецот се очекува Челзи да плати 70 милиони евра и тој така би станал најскапото засилување на Челзи во историјата, но и најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Третото име е Бакајоко. Условите со овој фудбалер се договорени,  сумата ќе биде поголема од 40 милиони евра со бониси, а Италијанецот инсистира работата што побрзо да се заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фелипе Кутињо пред враќање во поранешниот клуб

Бразилецот, Фелипе Кутињо е пред враќање во редовите на Васко Де Гама, клубот каде што ја …