Дома Останати Ракомет Ф4 во Келн: Вардар после 574 дена ќе ја предаде европската круна

Ф4 во Келн: Вардар после 574 дена ќе ја предаде европската круна

Во следните два дена Келн ќе биде местото каде што ќе бидат свртени погледите на спортската јавност ПСЖ, Барселона, Веспрем и Кил ќе се борат за пехарот во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато фајнл-фор турнирот кој беше одложен ќе се одигра денеси и утре, а Вардар до утре ќе биде шампион точно 574 дена. Вардар втората европска круна ја освои на 2. јуни минатата година, победувајќи ја Барселона во полуфиналето и Веспрем во финалето.

На турнирот во Келн единствен Македонец ќе биде Дејан Манасков кој денес од 20:30 часот со неговиот Веспрем ќе се сретне со Кил, претходно од 18:00 часот ќе играат ПСЖ и Барселона.

ПСЖ од клупата е предводен од Раул Гонзалес кој го предводеше Вардар до првата европска титула, додека на спротивната страна ќе го има сонародникот Чави Пасквал.

Од учесниците Барселона има девет титули во ЛШ, Кил три, додека Веспрем и ПСЖ се уште ја чекаат првата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го објави тимот, еве како ќе изгледа во новата сезона (Фото)

Ракометниот клуб Вардар го објави составот со кој ќе влезе во новата сезона, во која покра…