Анхел ди Марија влезе во последната година од договорот со ПСЖ и на лето би можел да си замине како слободен агент.
Италијанските медиуми тврдат дека нема најава за продолжување на соработката со „светците“ и дека големи се шансите од следната сезона да се пресели во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските гиганти Милан и Јувентус веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат Аргентинецот на лето како слободен агент.
Ди Марија веќе има 32 години, но има понуди од многу клубови ширум Европа бидејќи игра на високо ниво.