Дома Фудбал Ди Марија ги одбра петте најважни аргентински фудбалери во историјата, еден од нив ги изненади сите

Ди Марија ги одбра петте најважни аргентински фудбалери во историјата, еден од нив ги изненади сите

Анхел Ди Марија е еден од најдобрите аргентински играчи на неговата генерација, а сега ги одбра петте најважни аргентинци во историјата на фудбалот. Последниот избор ги изненади многу.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Анхел Ди Марија на почетокот на ова лето се врати во Росарио каде што порасна и покажа дека сѐ уште постои фудбалска романтика.

Сега даде интервју за „Ла Насион“ во кое ја спомна многу теми, меѓу другото и ги избра петте најважни аргентински фудбалери во историјата.

“Топ 5-те најважни играчи во историјата на репрезентацијата на Аргентина? Меси, Марадона, Кемпес се моите топ 3. Мислам дека Пасарела би бил еден од нив.

Можам ли да вклучам играчи од сегашната генерација? Мислам дека Де Пол беше клучен дел од целиот проект на репрезентацијата.

Како што велат, не е само мал мотор на теренот, туку и надвор од него. Во групата, во пријателствата, во таа позитивна атмосфера. И без капитенската лента, тој е капитен,” започна Ди Марија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва може да направи неочекуван трансфер во Шпанија!

Атлетико Мадрид напорно работи на обезбедување на значително засилување за следната сезона…