Дома Фудбал Ди Марија е класа: Постигна гол директно од корнер! (Видео)

Ди Марија е класа: Постигна гол директно од корнер! (Видео)

Аргентинскиот фудбалски ветеран, Анхел Ди Марија, продолжува да плени и во своите позрели натпреварувачки години. Во големото дерби на аргентинската лига меѓу неговиот Росарио Централ и Бока Јуниорс, Ди Марија постигна редок погодок директно од корнер “.

Во 24-та минута од средбата, само четири минути по водството на Бока, домаќините добија корнер, а стадионот „Гиганте де Арето“ го очекуваше добриот центаршут со напнатост. Но, Ди Марија одлучи да ги изненади сите, вклучувајќи го и голманот Леандро Бреја, и погоди директно од корнер, поставувајќи го конечниот резултат на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик потврди: Рафиња останува во Барселона – „Тој е најдобриот капитен што можете да го имате“

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потврди дека клубот постигнал договор со Рафиња за прод…