Дома Трансфер зона Валенсија во „епизодата“: Како да изгубите 20 милиони на еден играч!

Валенсија во „епизодата“: Како да изгубите 20 милиони на еден играч!

Екипата на Валенсија денес потврди дека нивниот фудбалер за врска Енцо Перез кариерата ќе ја продолжи во Ривер Плата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Перез во Валенсија пристигна во јануари 2015 година како големо засилување, но тој во Ла Лига не направи ништо.

Tоа и немаше да биде голема трагедија доколку за него не платија 25 милиони евра, а во Ривер Плата го пуштаат за само пет. Значи, Валенсија за само две ипол години изгуби дури 20 милиони евра на овој фудбалер.

Иначе Енцо пристигна од Бенфика каде што прикажуваше одлични настапи, но за Валенсија изминатата сезона на 27 натпревари запиша една асистенција, а рубриката „голови“ остана празна.

Секако, позитивна работа за Валенсија е што сега ќе имаат повеќе пари за плата на играчите, па можеби и треба да се очекува некое поквалитетно засилување на „Местаља“ ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…