Дома Трансфер зона Официјално: Барса го врати играчот кој не сака ниту да слушне за „Ноу Камп“!

Официјално: Барса го врати играчот кој не сака ниту да слушне за „Ноу Камп“!

Клубот инсистираше па тој немаше што да прави…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жерар Делофеу се врати во Барселона. Како што пренесуваат медиумите, Шпанецот воопшто не е задоволен бидејќи не верува дека може да добие шанса во Барселона.

Но, Барса ја активираше клазулата и го откупи од Евертон за 12 милиони евра. Минатата сезона Делофеу ја помина на позајмица во Милан каде што одигра одлична сезона и сакаше да остане, а се шпекулираше и дека би можел да премине и во Јувентус, но против клазулата не можеше.

Според информациите на шпанските медиуми, тој на соиграчите од младата репрезентација на Шпанија им соопштил дека нема намера да остане во Барселона бидејќи смета дека во Каталонија само губи време.

За негова среќа, Барса веројатно ќе го препродаде, но тешко е да се верува дека Милан или Јувентус ќе се согласат да платат 25 милиони евра.

Со активирањето на клазулата договорот Делофеу за „Ноу Камп“ го врзува до 2019 година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…