Јувентус веќе работи на јануарските засилувања, а примарна цел ќе биде засилување на левата бековска позиција.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ веќе почнала да работи на трансферот на Емерсон Палмери од Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Палмери долго време е на радарот на Антонио Конте, но „нероаѕурите“ не се спремни да ги платат бараните 20 милиони евра, па таквата ситуација ќе ја искористи Јувентус.
Италијанскиот репрезентативец не добива голема минутажа кај Лампард и сака да се врати во Серија А, а Пирло верува дека идеално ќе се вклопи во неговата формација.
Алекс Сандро оваа сезона често е повреден, па Пирло на таа позиција беше приморан да го игра младиот Фработа.