Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа го победина Баер Леверкузен со 2:1 и божиќните празници ќе ги минат како лидери на табелата.
Тренерот Ханси Флик му одржа лекција на најзвучното и најголемото засилување на Баерн, Лерој Сане.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во 32-та минута се повреди Коман и на негово место во игра влезе Сане. Меѓутоа, скапото засилување во игра остана само триесетина минути, па Флик реши да го извади од игра.
Флик очигледно беше незадоволен од играта на Германецот, па реши да му одржи лекција. Сане беше незадоволен, но мораше да ја почитува одлуката на тренерот
„ Ова не е казна за него, одлучив така за доброто на тимот. Во фудбалот најважно е тимот да биде успешен, индивидуалните работи се во втор план“, истакна Флик.