Дома Фудбал Шалке му врачи отказ на тренерот, тимот ќе го води легенда

Шалке му врачи отказ на тренерот, тимот ќе го води легенда

Шалке 04 одлучи да му врачи отказ на досегашниот тренер Мануел Баум, после серијата на лоши резултати.

Под водство на Баум, тимот од Гелзенкирхен сезонава нема ниту една победа, а поминаа веќе 12 кола. 

За привремен тренер е поставен легендата Хуб Стевенс и клубот се надева дека со него на клупата ќе успее да избегне испаѓање во втората лига.

Иако нема конкретни информации се претпоставува дека Стивенс ќе го води клубот до крајот на сезоната. Искусниот Холанѓанец, во досегашната кариера во три мандати го водел Шалке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вушковиќ меѓу осумтемина за наградата во Премиер лигата

Деветнаесетгодишниот дефанзивец на Брајтон е кандидат за играч на октомври, откако ги одиг…