Дома Топ вести Зидан се „откажа“ од синот: Енцо повеќе не е играч на Реал!

Зидан се „откажа“ од синот: Енцо повеќе не е играч на Реал!

Не им е лесно на младите спортисти кои на грбот го носат презимето на славен и успешен родител. Тоа на своја кожа го почувствува синот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Зинедин Зидан – Енцо Зидан.

Зидан одлучи дека најдобро за својот син е да го напушти Реал Мадрид, бидејќи таму нема шанси да се развива во подобар фидбалер. Енцо има 22 години, но сеуште не е спремен да игра рамо до рамо со големите ѕвезди на „кралскиот“ клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа Енцо Зидан го напушти Бернабеу и стана нов фудбалер на новиот прволигаш Алавеш. Потпиша тригодишен договор, па таму ќе има поголема минутажа која ќе му помогне да се развива.

Реал Мадрид, како и кај другите млади фудбалери кои го напуштаат клубот, стави откупна клаузула во договорот со која ќе има право да го врати Енцо во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…