Дома Трансфер зона Аталанта даде знак – Конти наскоро „росонер“!

Аталанта даде знак – Конти наскоро „росонер“!

Милан денес е на чекор да го доведе и петото засилување, а наскоро би требало да пристигне и шестото, Андреа Конти од Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ се многу блиску до тоа во своите редови да го доведат Фабио Борини, овој фудбалер веќе пристигна на медицински прегледи и трансферот во секој момент би можел да биде официјализран.

Тој би бил петто засилување за Милан ова лето, откако во клубот пристигнаа Матео Мусакио, Франк Кеси, Рикардо Родригез и Андре Силва.

Но тоа не е се, наскоро се очекува да пристигне и Андреа Конти. Конти настапува за Аталанта која денес го доведе Томас Фокето од Гент, а овој фудбалер игра на позицијата на Конти. Веројатно ова е доволен знак дека Конти наскоро ќе се пресели во Милано.

Се очекува Милан за неговите услуги да плати 25 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…