Дома Фудбал „Да бидеме искрени сите знаеме кога започна падот на Реал Мадрид“

„Да бидеме искрени сите знаеме кога започна падот на Реал Мадрид“

Во Шпанија, посебно во Мадрид главна тема денес е катастрофалното издание на Реал против Шахтјор со што „кралевите“ го доведоа под знак прашалник нивниот настап во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Многу се зборуваи  за отказ на Зидан, се дебатира дали Зидан треба да биде отпуштен. Новинарот на „Марка“, Хорхе Игнасија Гарсија – Очоа ја анализира целата ситуација и го обвинува раководството на клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да, јасно е дека Зидан дојде на раб на отказ. Логично е ако клубот изгуби наредната недела да си замине. Елиминација во групната фаза би бил најголемиот неуспех во историјата на клубот. Реал е клуб за освојување на титули во ЛШ, а не играње во Лига Европа. Верувам дека може да се случи и Зидан да замине и ако го однесе Реал во осминафиналето, а загуби во Ла Лига од Атлетико. Но, дали е тој навистина виновен?“.

„Виновен ли е Зизу што еден Кристиано Роналдо го заменија со Маријано Диаз и Лука Јовиќ? Виновен ли е тој што после Роналдо не дојде напаѓач од светска класа каков што доликува за дресот на Реал?. Што е виновен Зидан ако неговите напаѓачи од неколку одлични шанси не постигнаа гол? Зошто Зидан да е виновен ако Перез не донесе ниту едно големо засилување? На Реал му треба голема реконструкција и Зидан бараше такво нешто, но коронавирусот направи проблеми. Тој не избега, се соочи со проблемите и го прифати предизвикот. Дали е виновен и што Азар е цело време повреден? Во претходните три натпревари Зидан играше без костурот на тимот, Рамос, Валверде, Азар и Бензема. Најголема загуба е што го нема Рамос. Реал Мадрид изгубил осум од последните 10 натпревари кога Рамос не играл. Исто и за Винисиус и Родриго, кој е виновен што се уште не ги опрадуваат очекувањата? Клубот на нив потроши 100 милиони евра“, пишува Гарсија кој на крајот заклучува:

„Треба да бидеме искрени и да кажеме дека падот на Реал почна кога си замина Роналдо. Зидан се врати го освои Суперкупот и Ла Лига и заслужува почит за тоа“, пишува познатиот новинар на „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…