Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Кога излегувам на терен сум како дете кое прв пат добива чоколадо

Ибрахимовиќ: Кога излегувам на терен сум како дете кое прв пат добива чоколадо

Златан Ибрахимовиќ на почетокот на годината дојде во Милан и го преобрази од тим на средина на табелата, до тим кој се бори за Скудетото.

39-годишниот Швеѓанец игра фантастично и оваа сезона веќе постигна 10 гола и тоа само на шест настапи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Првото нешто кое ме прашаа кога се вратив во Милан беше со сите фудбалери кои се враќале и не биле на нивото на првиот престој тука. Која е разликата со мене? Никогаш не ја губам страста за тоа што го правам“, истакна Ибра.

„Секогаш кога ќе излезам на терен сум како дете кое за прв пат добило чоколадо. Топката е мојот најдобар пријател и сакам да се однесувам со неа како кон најдобар пријател. Денот кога нема да можам да играм на ова ниво, ќе се откажам“, додаде Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд стана и лик од видеоигра!

Ѕвездата на Манчестер Сити доби лик со кој може да се игра во видеоиграта „Clash of Clans“…