Дома Трансфер зона Милан го сака капитенот на Арсенал

Милан го сака капитенот на Арсенал

Англиските медиуми пренесуваат дека Милан е заинтересиран за капитенот на Арсенал и француски репрезентативец, Лоран Косиелни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан веќе ја засили одбраната со Матео Мусакио, но клубот го раскина договорот со Палета, па е во потрага по уште еден дефанзивец.

Косиелни иако неодамна го продолжи договорот со Арсенал до 2020 година, сепак неговата иднина на „Емирати“ не е сигурна.

„Имам договор со Арсенал, и во минатиот ноември потпишав договор до 2020 година. Добро ми е тука, но не знам што ќе донесе иднината“, изјави Косиелни.

Покрај Милан интерес за Французинот покажува и Олимпик Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…