Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк изјави дека младата ѕвезда Осман Дембеле сигурно ќе остане во клубот и следната сезона.
20-годишниот француски репрезентативец блесна во својата прва сезона во Бундес лигата и на 48 меча постигна 10 гола и запиша 21 асистенција, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Барселона.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Каталонските медиуми изминатите денови шпекулираа дека Барселона испратила понуда од 50 милиони евра, но истата експресно била одбиена.
„Нема никакви преговори. Дембеле ќе игра за Борусија и следната сезона, тоа е сигурно“, категоричен беше Цорк.