Дома Трансфер зона Агентот потврди: Биглиа сака во Милан!

Агентот потврди: Биглиа сака во Милан!

Капитенот на Лацио, Лукас Бигилиа му соопштил на раководството дека сака да замине од „Олимпико“ и да се пресели во Милан, потврди неговиот агент.

Биглиа има договор со Лацио до 2018 година, па „бјанкочелестите“ мораат да го продадат ова лето доколку сакаат да заработат на неговото заминување.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


За неговиот трансфер во Милан се зборува веќе подолго време, но двата клува сеуште не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

„Лукас пред еден месец разговараше со раководствито и му соопшти дека неговата одлука е да го напушти Рим. Постигнавме договор со Милан и сега се чека клубовите да постигнат договор“, потврди агентот на Аргентинецот.

„Следната недела ќе бидам во Италија и се надевам дека брзо ќе се најде решение за неговиот трансфер“, додаде агентот.

Милан за неговиот потпис нуди 15 милиони евра, додека Лацио не сака да го продаде за помалку до 20 милиони, но медиумите се оптимисти дека набрзо клубовите ќе постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба доби намалување на казната, но Јувентус не го сака: Французинот има две опции

Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му…