Ерлинг Халанд синоќа беше неверојатен, постигна четири погодоци во победата на Борусија Дортмунд на гостувањето кај Херта.
Норвежанецот даде четири погодоци, сите четири во второто полувреме во победата од 5:2 на Милионерите. Еден од најголемите светски таленти продолжи да ги “решета“ мрежите, а после неверојатниот натпревар ја насмеа јавноста откривајќи ја ‘тајната’ за експлозијата во вторите 45 минути.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Да бидам искрен, на полувремето испив енергетски пијалок и добив крила, па се беше во ред. Акцијата за првиот погодок беше прекрасна, вториот гол исто така беше убав, на третиот мислев дека сум во офсајд, но и тој беше убав. Сите беа прекрасни.“ – изјави Халанд.
Синоќа дебитираше и Јусуфа Мукоко кој со само 16 години стана најмладиот фудбалер кој заиграл на натпревар во Бундеслигата.
„Тој е најголемиот светски талент. Уживам кога играм со него. Има само 16 години и пред него е голема кариера. Многу е подобар од тоа кога јас бев на негови години. Среќни сме што е дел од Борусија.“ – додаде Халанд.