Дома Трансфер зона Дојде во Тотенхем како голема ѕвезда, но Мурињо го „отпиша“

Дојде во Тотенхем како голема ѕвезда, но Мурињо го „отпиша“

Жадсон Фернандеш веќе во јануари би можел да го напушти Тотенхем.

Фудбалерот кој има 21 година пристигна во Тотенхем од Бенфика. Кога дојде во јануари потпиша договор на година ипол. Минатата сезона настапи на 13 натпревари, а оваа Мурињо на својот сонародник сметаше само еднаш.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фернандеш играше 63 минути во Лига купот против Челзи на 29 септември и тоа беше се до сега. Мурињо порача дека нема да го прислува да замине, но дека нема проблем да се случи такво нешто.

„Ситуацијата за мене не е проблем, туку решение. За мене е добро што е тука, иако не игра. Никогаш нема да го присилам да замине, но ќе ја разбирам ситуацијата. Ако неговиот клуб Бенфика сака порано да ја заврши позајмицата ќе соработуваме. Бенфика може да одлучи, па потоа ќе се договориме“, изјави Мурињо.

Пред да потпише договор со Тотенхем Фернандеш запиша 59 натпревари за Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…