Дома Фудбал Зидан за поразот не се „вади“ на ВАР и пеналите: Јас сум виновен

Зидан за поразот не се „вади“ на ВАР и пеналите: Јас сум виновен

Реал Мадрид вчера беше поразен од Валенсија со високи 4:1.

„Кралевите“ први стигнаа до водство, а потоа доживеаа вистински потоп. Интересно во овој дуел е што Валенсија дури три гола постигна од пенал, сите беа дело на Карлос Солер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После поразот тренерот на Реал Зинедин Зидан не сакаше да се „вади“ на ВАР и пеналите и за поразот се обвини самиот себе.

„Нема оправдување за ова. После првиот гол се распаднавме. Не сакам да зборувам за ВАР и судењето, јас сум виновен за поразот затоа што не пронајдов подобри решенија во играта“, изјави Зидан.

Зидан веќе некое време е мета на критики кои барем малку се намалија откако Французинот ја победи Барселона во „Ел Класико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две големи засилувања во Ѓорче во еден: Потпишаа капитенот на Шкупи и поранешниот репрезентативец!

Македонија Ѓорче Петров, повратникот во Првата лига, денеска го претстави две – поранешнио…