Дома Трансфер зона Ериксен пред заминување од Интер, познато и кој клуб може да му биде следна дестинација

Ериксен пред заминување од Интер, познато и кој клуб може да му биде следна дестинација

Oдносот помеѓу Кристијан Ериксен и Антонио Конте е далеку од добар.

Данецот против Парма во ремито 2:2 имаше уште еден тенок перформанс, па изгледаше како играч кој само што дошол во тимот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Антонио Конте нема некои претерано големи симпатии кон Данецот и тоа веќе го покажа во досегашниот дел од сезоната.

Дека нешто не е како што треба покажува и изјавата на Ериксен од пред некој ден.

„Зошто играм малку? Прашајте го Конте. Јавете му се и прашајте го“, изјави Данецот.

Токму затоа постојат најави дека Данецот може да ги спакува куферите уште во јануари. Дојде да направи разлика, а се мачи тоа да го покаже на теренот. Не е задоволен со минутажата и улогата затоа се пишува за негово заминување уште на почетокот на 2021 година.

Целата ситуација со Ериксен ја следи ПСЖ кој наводно е заинтересиран. Ќе потсетиме тимот од Париз веќе го доведе Мауро Икарди од Интер, па сличен случај може да биде и со Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…