Tимот на Хувентуд за кој игра македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ обезбеди нов триумф во групната фаза од Еврокупот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Димитријевиќ беше одличен во победата на Хувентуд и со 17 поени беше втор стрелец во својата екипа.
Хувентуд славеше после продолженија на гости со Уникс Казан со резултат 93:91. Во регуларниот дел домаќините успеаа да дојдат до изедначување во последните секунди и така си обезбедија дополнителни пет минути.
Македонскиот кошаркар на паркетот помина 35 минути, а освен 17 поени подели две асистенции и запиша два скока.