Не неколку дена пред дуелот помеѓу Барселона и Јувентус во рамките од Лигата на шампионите, Миралем Пјаниќ даде интервју за „Тутоспорт“.
Сегашниот фудбалер на Барселона зборуваше на повеќе теми, а една од нив беше и Кристиано Роналдо кој можеби и ќе го пропушти овој дуел затоа што се уште е позитивен на Ковид-19.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој е апсолутен шампион. Неверојатно вреден работник кој се грижи за секој детал. Опседнат е со голови и статистика. Мисли само на победи. Знае како да биде лидер, меѓутоа и се прилагодува на групата“.
Пјаниќ откри дека разговарале пред неколку дена.
„Разговаравме пред неолу дена. Никогаш не сака да биде болен или повреден, сега е како лав во кафез. Ми кажа дека се чувствува добро и дека нема проблеми, сака брзо да се врати на терен. Се надевам дека ќе биде негативен колку што може побрзо“, изјави Пјаниќ.