Ливерпул во саботата остана без Вирџил ван Дајк кој го очекува долга пауза откако ги скина лигаментите на коленото.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ван Дајк се повреди на натпреварот против Евертон после дуелот со голманот Пикфорд, а после деталните прегледи беше потврдено дека ќе биде надвор од теренот 7-8 месеци. Работата да биде уште полоша за Црвените повреда заработи и Матип поради што Клоп остана само со еден стопер во екипата.
Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул веќе тргнал во акција, а негова прва мета е Дајот Упамекано. Овој играч игра одлично во Лајпциг и беше изненадување што германскиот клуб успеа да го задржи ова лето.
Ливерпул ќе се обиде да го донесе Упамекано веќе во јануари, а неговата трансфер цена се проценува на 50 милиони евра.