Вчера во медиумите силно одекна веста дека Кристиано Роналдо е позитивен на Ковид-19 и поради тоа Португалецот ќе го пропушти натпреварот на неговата репрезентација против Шведска вечерва.
Селекторот на Португалија Фернандо Сантош во изјава за португалските медиуми потврди дека Роналдо е добро и е без симптоми.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Добро се справува ситуацијата. Седи во неговата соба и ми кажа дека сака да игра, со нас зборувап реу балконот. Засега нема симптоми и не знае како се заразил“, изјави Сантош.
Според правилата Роналдо мора да биде во изолација наредните 10 дена, а на теренот може да се врати само после два негативни теста.