Дома Фудбал Италија Милан спреми нов договор за Кеси

Милан спреми нов договор за Кеси

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.

Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Малдини веќе имал средба со агентот на Франк Кеси и му понудил нов тригодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона плус бонуси.

Самиот фудбалер сака да остане во Милано, па се очекува двете страни брзо да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Грешка на голманот му ја донесе победата на Арсенал, Манчестер Јунајтед покажа блесоци и стари слабости

Арсенал ја започна новата сезона со тешка победа над Манчестер Јунајтед со минимални 1:0 в…