Дома Трансфер зона Арсенал го испрати Илиев на позајмица во Шрусбери

Арсенал го испрати Илиев на позајмица во Шрусбери

Македонскиот репрезентативен голман и член на Арсенал, Дени Илиев оваа сезона ќе игра на позајмица во третолигашот Шрусбери.

Илиев минатата сезона беше дел прво од словачки Серед, а потоа од полска Јагелонија, па и оваа сезона ќе ја помине на позајмица, но ќе остане во Англија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот голман до крајот на јануари ќе биде на позајмица во Шрусбери, кој се натпреварувава во англиската Лига 1.

„Среќен сум што потпишав за Шрусбери Таун, и се радувам на сезоната која е пред нас“, порача Илиев.

Инаку претходно Арсенал го пријави Илиев на списокот на играчи кои ќе настапуваат во Лига Европа, но оваа солуција за него е подобра бидејќи ќе има поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…