Сите знаеме со што се соочуваше капитенот Горан Пандев и во каква ситуација беше пред доаѓањето во Скопје за натпреварот против Косово.
Во Џенова имаше дури 22 заразени со коронавирус, а денес Пандев истакна благодарност до луѓето кои помогнале да биде тука, но и откри и дека од некои е разочаран.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Што сум тука најзаслужни се селекторот, секретарот Бојан Марковски ,федерацијата, нашата македонска амбасада во Италија, како и луѓето во мојот клуб. Сите во клубот знаеа што ми значи овој натпревар, затоа и ми помогнаа. Сакам да испратам и порака до некои луѓе кои не испратија ниту порака да прашаат како е Горан, ќе игра ли на овој натпревар, зафатен беа со градење терени. Сепак, сега тоа да го оставиме на страна“, порача капитенот.