Дома Видео Лејкерс го победи Денвер и ќе игра во големото финале!

Лејкерс го победи Денвер и ќе игра во големото финале!

ЛА Лејкерс после десет години ќе игра во големото финале на НБА лигата откако во петиот натпревар во финалната серија на Западот го победија Денвер со 117:107.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нагетси и во овој натпревар како и во целата серија беа добри, но Лејкерс едноставно во овој момент е подобар тим.

Првиот период беше прилично израмнет, втората и почетокот на третата и припадна на Лејкерси кои во еден момент имаа и +16, но Нагетси со голема серија се вратија и изедначија на 84:84.

Во последната четвртина Леброн и друштво притиснаа и во финишот на натпреварот повторно направија двоцифрена предност 117:107 за 4:1 во серијата.

Џејмс повторно стигна до трипл дабл од 38 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Со 27 поени го следеше одличниот Ентони Дејвис.

Кај Денвер уште една одлична партија запиша Никола Јокуќ со 20 поени и седум асистенциии.

Лејкерси во големото финале ќе го чека подобриот од дуелот Мајами Хит – Болтон Селтикс. Таму Мајави води со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…