Алваро Мората ќе биде новото засилување на Јувентус, но раководството на „старата дама“ не мисли да застане со засилувањата.
Примарна цел на Пирло беше доведување на напаѓач. Долго време се шпекулираше со Џеко и Суарез, а на крајот Алваро Мората ќе ги засили „бјанконерите“.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Сега италијанскиот шампион ќе се насочи кон засилување на левата бековска позиција, а примарна цел е Емерсон Палмери од Челзи.
Палмери долго време е на радарот на Антонио Конте, но „нероаѕурите“ не се спремни да ги платат бараните 20 милиони евра, па таквата ситуација ќе ја искористи Јувентус.
Алекс Сандро е повреден и Пирло на таа позиција го користи Де Шиљо, кој е на излезна врата, а во следните денови се очекува да биде комплетиран трансферот на Емерсон Палмери.