Легендарниот Шпанец откри малку познат детал кој само го докажува големото влијание кое Аргентинецот го има во Барселона.
Навивачите на Барселона не сакаат да се сеќаваат на епизодата на Герардо Тата Мартино на клупата на каталонскиот гигант. Аргентинецот во текот на сезоната 2013/2014 освои само еден трофеј и тоа во Суперкупот на Шпанија, после што си замина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тогашниот директор на Барселона, Андони Зубизарета сега откри детал кој го покажува влијанието на Меси. Во тоа време многу се зборуваше дека токму Меси е најголемиот виновник што Мартино е во клубот.
„Тата Мартино додека ја водеше Барселона во еден момент му кажа на Меси: Слушај, знам дека претседателот може да ме смени кога ти ќе посакаш, но не мораш на тоа да ме потсетуваш секој ден“, изјави Зубизарета.